Македонија

Две истраги за „Беса транс“ и една за сите институции и комапнии: Се прават распити на патници

Обвинителството води предмет за да се утврди какви се прекршувања има направено „Беса транс“ и сопственикот, во врска со превозот на патници. Станува збор за засебна истрага, покрај првата која се води во Бугарија за причините на несреќата во која 45 патници ги загубија животите. Ова доаѓа откако беше откриено дека изгорениот автобус поминувал граници и тоа 135 пати за една година, со лиценца од друго возило на компанијата.

„Лицата се достапни и се разговара со нив врз основа на наредби од Обвинителството. Ќе има и разговори со патниците кои биле во групите. Веќе е почнато со прибирање на информации“, кажа Спасовски.

Во МВР има и оперативна обработка за сите институции и компании во Македонија, со проверки како се добивале на лекарски уверенија за возачите, лиценците за возачите и фирмите. Министерот Оливер Спасовски, кажа дека ова станува збор за засебен случај кој ќе трае подолго време.

„Ако се утврдат неправилности од страна на сопствениците од ‘Беса транс’, ќе сносат одговорност“, рече Спасовски.

На почеток