Македонија

Возачите на изгорениот автобус не биле вработени – едниот бил со истечен сертификат

Ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата. Еден од двајцата возачи, немал ниту сертификат за професионална компетентност. Ова се податоците кои ги има министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

„Едниот од возачите е невработен во компанијата, имал сертификат со важност до 11 месец 2023 година. Другиот возач не бил пријавен дека работи во ниту една фирма за да ја врши таа дејност. На вториот возач му бил истечен сертификатот 9 месец 2020 година“, кажа Бочварски.

Бугарски новинари веќе информираа дека еден од шоферите, Кадрим Мемеди, имал 54 години и над 20 години искуство. Неговиот син кажа дека често патувал за Германија и Турција и ги знаел рутите.

Љупчо Зафиров е вториот шофер на автобусот. Тој исто така го загуби животот во сообраќајната несреќа.

На почеток