17 превозници казнети во Битола: возеле со неисправни кочници, уреди за управување…
Од
Објавено на
17 санкционирани возила што вршат јавен превоз на територија на СВР Битола
Денеска (26.11.2021) во временскиот период од 08.00-14.00 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена регионална акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Притоа, биле контролирани 80 возила, а биле утврдени 17 неправилности, кои се соодветно санкционирани. Од нив девет за неисправен уред за сопирање, две за неисправен уред за управување и тн.