Oставката на Заев нема да се дискутира денес во СДСМ, тврди Шилегов
Од
Објавено на
Многу состојби ќе дискутираме, ковид, енерегетската и политичката состојба во државата потоа ќе донесеме соодветни одлуки, изјави Петре Шилегов пред денешниот Централен одбор и Извршен одбор на СДСМ.
„Нема да се расправа за оставката на лидерот Зоран Заев, меѓутоа треба да разгледаме неколку сериозни позиции кои се однесуваат на формирањето на политичкото мнозинство, влезот на Алтернатива во Владата. Мислам дека извесно е тоа да се случи и очекувам тоа да биде примарно на оваа дебата и формирањето на Владата“ вели Шилегов.