Актуелно

Утре пристигнуваат уште тројца од повредените во автобуската несреќа

Тројца од повредените во автобуската несреќа најверојатно утре ќе бидат транспортирани во земјава со техничките капацитети на домашното здравство.

Oд преживеаните една пациентка е на неврохирургија и се опоравува од неколкуте операции, на рбетот и на потколеницита. Хоспитализираните во земјава ќе добиваат и помош од психијатар за полесно да го поминат стресот и шокот кој го преживеале.

Вчера министерот за здравство, Венко Филипче од пред Ургентниот центар, каде пристигнаа двете возила на Итната медицинска помош со повредените во несреќата во Бугарија, информираше дека во Македонија се донесени пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст.

Во изјава за медиумите истакна дека двајцата се стабилни, тие се со полесни повреди, и се задржани на лекување на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

На почеток