Министерството за внатрешни работи информираше дека загинатото лице во несреќата каде воз удри автомобил е полицаец вработен во Полициска станица Гази Баба. Тој починал на лице место.
Несреќата се случила утрово во 5:50 минути, кога воз удрил во возило „фолксваген венто“, сопственост на МВР.