Од денес најевтината кеса е 15 денари
Од денеска стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки. Пластичните кеси од од денеска чинат 15 денари за парче.
Новините произлегуваат од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.
Како што неодамна најавија од Владата, целта на овој Закон е да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулира употребата на торби за повеќекратна употреба.
Законот како што појаснија надлежните предвидува забрана за употребата на пластични кеси на пазарот во земјава, забрана за пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во државата, дозволена употреба на биоразградливи кеси за носење на стоки, кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, надоместокот за употреба на биоразградливите кеси за носење на стоки ќе изнесува 15 денари за парче, стои во соопштението од Владата.
Според законот, производителите на пластични кеси и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост.
Според надлежното Министерство за животна срединацелта на Законот за управување со пакување и отпад од пакување е „да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулира употребата на торби за повеќекратна употреба“. Производителите на пластични кеси и натаму може да продолжат со работа, но со почитување на стандардот за биоразградливост.
Производителите на кеси велат дека оваа мерка може да ги затвори нивните капацитети. Министерот за животна средина вели дека две години се работи на овие промени и тие имале доволно време за да се преориентираат кон производство на биоразградливи кеси.
Од овие 15 денари, 18 отсто ќе одат како ДДВ, а останатите 12,3 денари ќе влезат во нов фонд во Министерството за животна средина.
„Овој фонд ќе инвестира во одредени проекти и во подобрување на животната средина. Во исто време работиме заедно со Владата за да видиме дали можеме да поддржиме иновативни идеи за пакување, за нови видови на кеси, дали се тоа за пакување, дали се тоа од текстил или од хартија. Ќе гледаме да го поддржиме приватниот сектор во иднина за иновативни идеи и да имаме поздрава животна средина за нашите граѓани. Целата идеја е да се синхрозирираме со регулативата на Европската Унија. Знам дека сите граѓани бараат да имаме почиста средина и ова се чекорите кои мора да ги преземеме ако сакаме да имаме почиста средина. Ние индивидуално мора да бидеме дел од процесот“, вели министерот Насер Нуредини.