Фросина Ременски кандидат за претседател на СДСМ, ќе се бори за местото на Заев


Поранешната пратеничка Фросина Ременски, се кандидираше за претседател на СДСМ. Таа кажа дека Димитар Ковачевски има поддршка во кандидатурата од Владата бидејќи е дел од владиниот кабинет, но смета дека ова ќе биде борба во натпревар на умови. Ременски рече и: „Не гледам дека оваа моја кандидатура нема да резултира со сериозен резултат кој ќе значи и сериозен имапкт во понатамошните партиски одлучувања“.
„Согласно правилникот, роковите и одлуките на Централниот одбор на СДСМ и Изборната комисија, ги предадов сите документи за самокандирирање за прет
седател на СДСМ. Очекувам во следниот период согласно роковникот, да се утврдат кандидатите, со што би почнале активностите за претставување на кандидатите пред членовите и симпатизерите. Се одлучив на ова со оглед на мојот активизам, во денови и време кога СДСМ беше во тешка опозициска состојба, кога носеше сериозни државотворни одлуки и кога се трудевме да го одржиме и единството во партијата“, кажа Ременски.
Таа кажа, дека ќе понуди програма во која СДСМ ќе е победник во сите процеси.
