Заев ги одмина новинарите, Гаши одговори на две прашања – што ќе се разговара?
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, прв дојде и на лидерската средба со Зоран Заев. Без никакви детали околу тоа што ќе се разговара денеска, тој само искоментира: „Преговорите ќе продолжат. Не зборуваме за кадровски решенија“. На прашањето за што ќе се разговара денеска, Гаши не одговори и влезе во салата каде ќе се одржи средбата.
За разлика од Гаши, лидерот на СДСМ, Зоран Заев како и минатиот пат, помина покрај новинарите и рече: „Нема да дадеме изјава. Ќе има соопштение“. И на ова средба, како и на претходната, Заев беше придвижуван од заменик-министерот за финансии и кандидат за нов претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.
СДСМ и Алтернатива се договорија за програмскиот концепт, а сега, останува да се договорат за кадровските решенија, информираа и од Владата пред два дена по првата средба. Новата средба на Гаши и Заев доаѓа по партиските консултации кои ги направија.