Јосиф е полнолетен, го нашла полицијата – мајката сподели детали
И полицијата потврди дека е пронајден младиот Јосиф Попов од Драчево.
Денеска (02.12.2021), полициски службеници од СВР Скопје го пронашле Ј.П.(18) од Скопје за кого на 01.12.2021 во Полициската станица Центар неговиот татко Ј.П.(56) од Скопје пријавил дека се оддалечил од домот.
Неговата мајка, Маја Попова за „А1он“ која и натаму е потресена од тоа што и се случи, сподели дека полицијата успеала да го лоцира. Според нејзе, тој бил заведен во секта од страна на лице кое се претставувало како бездомник.
„Него го најде полицијата. Ангажиравме многу луѓе, го пријавивме во полиција, ангажиравме едно чудо луѓе. Го најдовме. Дури и од неговата гимназија замоливме деца кои ни помогнаа. Тие се веќе полнолетни, со 18 години, моравме се тоа да земеме во предвид. Треба да одиме во полициска станица, каде треба да се даде извештај“, вели Маја Попова, мајка на Јосиф за „А1он“.
„Имаме информација кој го завел. Човекот се вика Ангел, некој бездомник. Бил во Канада. Тој момент, дали се поклопиле многу работи бидејќи тој (Јосиф) луташе од една во друга страна, може сакал да се пронајде себеси, па нашол, така кажано, верба во Бога. Меѓутоа, едно е тоа што ние сакаме да се подигнеме, а друго она што луѓето ќе ни го пласираат. Кога замина, тој не бил во училиште, се нашол со човекот, тој Ангел. Тие проповедувале за т.н. Божјо слово, што кога ќе се каже вака, од една страна не делува лошо и така натаму, но од друга страна, тие проповедуваат според некои работи кои велат дека се од Библијата, дека ќе дојде крајот на светот по колку време, не знам што ќе се случи, па пишувало дека кои работи ќе се случувале и така натаму. Работата е што на тој момент го наседнале и поверувал на сето тоа. Тука е направена грешката“, раскажа Попова, вознемирена од случувањата.