Македонија

„Душа памук“, „Голем актер“, „Господе зошто овој човек?!“, Весна Бејби, Арнаудова, Елена Ристевска се простија од актерот Славиша

„Денес нашиот Славиша Кајевски, нашиот пријател, голем актер, душа памук, секогаш спремен за забава и шеги, со кој имаме поминато многу незаборавни моменти, замина од каде што враќање нема. Почивај во мир душо убава и чиста, немаме зборови да ја искажеме нашата тага и неверување… Другарот на Алескандар со кој цело време си правете муабет за ракометот. Ќе недостигаш… многу… на сите! Нашето семејство нема никогаш да те заборави… Ова е последен поздрав од нас, Кристина, Александар, Максим и Матео… Летај душо сега. Таму е сигурно подобро.“

Македонската позната пејачка Елена Ристевска се прости од актерот Славиша Кајевски чија смрт ја шокираше македонската јавност.  Инаку, актерот беше дел од видеот спотот на Елена за песната „Опасно време“ во 2012.година.

„Господе зошто овој човек?! Зошто уште еден предобар човек, млад живот и преталентиран актер?! Во шок и неверување сум!!! Во солзи.. не постојат зборови да ја опишат тагата… Славиша“, напиша Елена и го сподели видео-спотот во кој учествува и Кајевски.

„Каков удар сине, монструозен и подмолен шок.. За мене ќе бидеш мојот син Раде од Министерка, те сакам убавецу.. Одмори се и поздрави ги другарите“, напиша актерката Весна Петрушевска.

На почеток