Уште еден сдсмовец се мисли дали да поднесе кандидатура за лидер на СДСМ
Од
Објавено на
Актуелниот директор на Дирекцијата за ТИРЗ и долгогодишен член на СДСМ, Јован Деспотовски размислува за кандидатура за претседател на СДСМ, објавија дел од медиумите.
Тој вели дека сериозно размислува за кандидатура, а верува дека, по 25 години поминати низ повеќе структури во партијата и покажани реални резултати, може да понуди нов концепт кој ја обединува не само партијата туку и сите сограѓани со кои делат заеднички вредности.