„Што остана од СДСМ во Влада? Портирот?“, реакции откако Алтернатива договори и што ќе добие од мнозинството
Иако се споменуваа две министерски и две вицепремиерски места, неофицијално Алтернатива се испазарила и за повеќе. Иако нема официјална потврда, кадри на Алтернатива ќе седне во Министерството за здравство, Министерството за образование и Министерството за култура, добиваат директорски места, свои членови во одбори, како и раководење со десетици институции. Неофицијално, ќе го добијат и вицепремиерското место за борба против корупција, како и министерското место во Владата задолжено за дијаспората.
сељачкото крило: сега еве со влегувањето на алтернатива во влада ќе добиеме датум на 14ти декември :))))))
— Мартиан (@MartianfromMKD) December 4, 2021
Заев со владава се понаша ко женска уценета со порно снимки… дај ми или ќе ги објавам!
— Професионалец (@Jovanovski_mk) December 4, 2021
Сдс и Заев како мандатари на новата влада со највеќе освоени гласови имаат најмалце министри во владата. Една Алтернатива со 4 пратеника има повеќе од нив. Ова да ми го кажуваше некој пред 5 години кога го бутавме Грујо, нозе ќе си исечев да не искочам на протести.
— Интегрален (@Santimo22052092) December 5, 2021
Што остана од СДСМ во Влада? Портирот. 🙃
— Ферчина (@_ferchina_) December 4, 2021
Во колку е аплаузот за влезот на алтернатива во влада, исто во 18:00 или нешто подоцна? https://t.co/H3mXM801J4
— Боби (@BatmanSaysT) December 4, 2021
Ес де ес у новата влада ќе бидат ко англиската кралица без никаква реална моќ.
— Барбароса 🪓 (@BarbarosaXxX) December 4, 2021
ЛДП и ДОМ за што се избореа во новава Влада?
— Ilija Dimovski (@ilijadimovski) December 4, 2021
Ако го слушате пресот на алтернатива, ќе сфатите дека алтернатива влегува во Влада за да може Албанија да влезе во ЕУ и да се реши „проблемот“ со Бугарија.
Јас сфатив дека ние овде работиме за доброто на Албанија!
Можеби грешам?!
— д-р Марио 🇲🇰 (@Mario_Oberzin) December 4, 2021
Најубаа влада имаме 🥰🥰🥰
— ЛилеСтечајката🔪🦴 (@Biktop16) December 4, 2021
ПОВРЗАНО:
Кои министерства и директорски места ќе ги земе Алтернатива од СДСМ и ДУИ