Актуелно

На експортпаролот на Скопје не му е јасно како Алтернатива ги поддржала ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори

Експортпаролот на Град Скопје, Валон Салиху, на социјалните мрежи обзнани дека се радува на тоа што Алтернатива се придружи во Владата, како дел од коалицијата на СДСМ и ДУИ. Но, тој вели дека е збунет бидејќи Алтернатива на изборите настапи со ВМР0-ДПМНЕ на локалните избори.

„Стабилна влада, кај и да е датум за преговори, освежување на министри. Топ. Но морам да признавам дека скрос сум збунет. Што од утре? Што правиме со коалицијата на Алтернатива и ВМРО на локално ниво? Што правиме со над 10.000 албански гласови на Алтернатива дадени за кандидатот на опозицијата во трката за Град Скопје? Дали месец дена по триумфализмот во Скопје, советниците на Алтернатива ќе бидат гласот на критиката во советот на Град Скопје? Дали тие советници имаат легитимитет да го направат тоа знаејќи дека до вчера ги убедуваа нивните гласачи дека тогашниот опозициски кандидат е вистинскиот избор за Скопје? Дали паѓаат во вода заедничките собири низ Чаир, Бутел, Сарај и прошетките низ Чаршија каде ветуваа проекти и инвестиции на граѓани и симпатизери кои на оваа коалиција и дадоа иљадници гласови? И да, на крај на ден ќе им се извини некој на Скопје и скопјани?“, напиша Салиху.

На почеток