Беким Сали кој сака да е министер за здравство, не пријавил никаков имот: Нема ниту живеалиште, ниту автомобил
Беким Сали е човекот чие име се споменува како иден министер за здравство. Досега е познат како кандидат за градоначалник на Чаир од Алтернатива и ги изгуби изборите. Тој е и член на управниот одбор на Универзитетска клиника за токсикологија. Поради оваа функција, тој морал да поднесе и анкетен лист. Според истиот, Сали нема никаков имот. Тоа значи дека нема своја куќа, свој стан, свое возило. Не пријавил ниту дека новите деца или сопруга имаат имот.
Два деловни простори во Скопје, два стана во Скопје и два постари автомобили се сопственост на неговите родители.
Беким Сали е оженет и татко на три девојчиња. Стоматолог по професија, има сопствена ординација и бизнис со текстил.
Беким Сали е наследниот на Венко Филипче во здравство: Кој е кадарот на Алтернатива