Македонија

Finance Think проектира стапка на раст на БДП за 2019 на 3.3%

Finance Think го публикуваше Макроекономскиот монитор за третиот квартал. Според нивните истражувања во третиот квартал од 2018, БДП порасна за 3% на годишна основа. Иако овој раст е сеуште под потенцијалот на економијата, тој укажува на блага стабилизација на економската активност по продолжениот период на политичка неизвеност. И понатаму, двигател на економијата остануваат извозната активност и финалната потрошувачка. Особено, растот на потрошувачката на домаќинствата останува детерминиран од растот на платите – во дел одреден и од зголемувањето на минималната плата, потоа од растот на кредитите на населението и на дознаките. Сепак, падот на бруто инвестициите и понатаму ја одразува значителната воздржаност на инвеститорите, како и застојот сврзан со реализацијата на државните капитални инвестиции. На производната страна, растот е на поширокопојасна основа споредено со претходно.

Стапката на невработеност забележа понатамошно намалување до 20.8%. Темпото на намалување на невработеноста е слично како во претходниот период. Падот на невработеноста главно се должи на исцрпување на ефектите од претходните политики: вработувањата во странските фабрики (пораст на вработеноста во преработувачката индустрија) и активните мерки за вработување.

Согласно ваквите движења и очекуваните движења и политики во 2019, Finance Think проектира стапка на раст на БДП за 2019 на 3.3%. Основните претпоставки на оваа проекција вклучуваат стабилизација и намалување на политичките неизвесности, продолжување на приливот на странски инвестиции, забрзување на реализацијата на капиталните инвестиции на државата, како и отсуство на позначајни нарушувања во надворешната побарувачка.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток