Македонија

МВР: Пријавени три нови инциденти за време на референдумот

На избирачко место бр.2539/1 во Основното училиште „Његош“ во Колонија пријавено е дека едно лице го фотографирало своето гласачко ливче, информираа од МВР.

За инцидентот бил известен Јавен обвинител, a 55-годишното лице е во полициска станица за расчистување на случајот, додаваат од МВР.

Од МВР додаваат дека во СВР Тетово, пак, набљудувач од невладина организација пријавил дека наспроти ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар повеќе лица вршеле неовластено снимање и фотографирање на гласачи, и за овој настан, велат, известен е Јавен обвинител, а две лица се приведени во врска со овој случај. Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.

Инцидент бил пријавен и во полициската станица во Кочани, 54-годишен жител од Кочани пријавил дека пред гласачко место број 852, пред Домот на културата во Кочани, бил навредуван од страна на непознато лице бидејќи одел да гласа. По преземени мерки, утврдено е дека се работи за лице од Кочани и тој бил повикан на разговор во полициската станица, соопштија од МВР.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток