Скопје

(ФОТО) Скопјанка преку ФБ апелира: „Не им давајте пари на жените со бебе во раце, поготово ако детето спие, со што и ги успиваат?

„Женава на слика постојано е на раскрсницата на Бит-пазар со дете во раце кое секогаш е успиено. На прашањето зошто секогаш детето спие и што му дава за да го успие, дури питачи 5 часа, станува агресивна и сака да нападне. Апел да не им давате пари на жените со бебиња, посебно кога бебето е очигледно успиено со којзнае какви средства. И прашање што да се превземе? За референца причитајте ја статијата Зошто децата на питачите спијат? Пред неа ни јас не бев свесна за ваквите случаеви“, пишува скопјанката Мерсиха на својот фејсбук профил, а преку овој проблем таа отвора една многу поголема тема.

Мерсиха како пример посебно ја посочува и жената која редовно питачи кај Бит-пазар, Таа додава дека за случајот пријавила во полиција, но оттаму и одговориле дека оваа работа не е во нивна надлежност.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток