Апасиев: Првата рунда е добиена, нема да дозволиме приватизација на Брзата помош

Од
Објавено на

Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави дека првата рунда е добиена.
„Првата рунда – добиена! ✌️
Комисијата за здравство ја одложи расправта за штетниот Закон за здравствена заштита, против кој Левица поднесе над 1.200 амандмани.
Ваков круцијален закон не смее да помине без ЈАВНА РАСПРАВА од стручната лекарска фела.
Пратениците на Левица, под никакви околности, нема да дозволат приватизација на Брзата помош“, стои во објавата
