Во текот на изминатиот ден (19.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои една железничка незгода со загинати лица, две сообраќaјни незгоди со телесни повреди и шест со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице го загубило животот и четири лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 36 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 13 возачи од кои: еден затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 10 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца затоа што биле возачи почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца поради неносење пропишана зимска опрема, 12 возачи поради неносење сигурносен појас и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување со возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 118 мандатни платни налози и 74 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.
МВР: Девет сообраќајни незгоди од кои една железничка незгода со загинати лица
Од
Објавено на