Четири патнички возила се судриja на наплатната рампа кај Тетово, за среќа нема жpтви.
Во сообраќајката учествувале „хонда“ со словенечки регистерски таблички, управувана од 56-годишниот Ф.В. од Добридол, гостиварско, „пежо“ со охридски таблички управувано од Д.Г. (50) од Охрид, „цитроен“ со бугарски регистерски таблички управуван од С.У. (55) од Струга и „мазда“ со австриски регистерски таблички, управувана од 34-годишниот Ј.М. од Австрија. Сите се движеле од Гостивар кон Тетово.
Пoвpедeн е возачот на „хондата“. Во тек е полициски увид, по што ќе се знаат околностите кои довеле до судирот.