Од граѓанската иницијатива О2 на социјалната мрежа Фејсбук објавија фотографии од селото Костурино, Струмица, на кои може да се види како во печките за гасење вар се ложат гуми.
„Ложење гуми во печки за вар кај Костурино, Општина Струмица.
Апокалипса на нашата реалност, дистопичниот свет на нашата земја како исечок од Mad Max.
Секо кој знае/л и бил/е одгвоорен и надлежен во било каков конктекст ќе одговара за ова. За ова се лежи во затвор“, велат од О2 Иницијатива.