„Тие бомби беа предмет за уцени и рекети и денеска сѐ“, Хајредини со отворени карти!
Првиот албански министер за финансии на Македонија, Џевдет Хајредини, посочи дека Али Ахмети го има пратено Артан Груби кај Зоран Заев кога била објавена првата бомба за лидерот на ДУИ. Според него, бомбите се предмет на уцени и рекети. Во емисијата „Во центар“ посочи дека тоа се прави до ден денеска.
„Кога Заев почна да објавува бомби, кажуваше дека има. Меѓутоа излезе Али Ахмети и рече, ако има за ДУИ нека извади, кој правел нешто, ќе одговора. Тогаш објави една за Ахмети. Кога видел Ахмети дека има, го праќа Груби кај Заев на средба. Му рекол да види дали има нешто. Никој не знае колку бомби се. Тие бомби беа предмет за уцени и рекети и денеска се. Еве што направи Заев. Се вадеше се додека на нему му требаше да ја бие битката со ВМРО. Тука што направија, со консензус ќе забраниме објавување. Венецијанската комисија даде препорака да бидат сите објавени, дури и приватните, ако го допираат јавниот интерес. Оваа работа, додека не почне – овде нема избори, туку купување мнозинства. За Собранието викаат дека е најскап шопинг центар, пишува на Фејсбук“, рече Џевдет Хајредини.
Тој додава: „Не е точно дека сите необјавени бомби се предадени на СЈО. Тие бомби не се знае кој, каде и колку има, не се знае ниту колку пари се дадени како рекет. Тоа никој не знае“.
„Има еден опис на неговото работно место, три-четири страници. Кој може да се однесува така и да биде толериран? Кој може да пука на плоштадот Скендербег и да не одговара? Кој може да ја отвори предизборната кампања во Чаир со пукање во воздух пред стотина души, а Заев да вика вака не се трпи. Тие заплашуваат, треба разоружување. ДУИ никогаш нема да дозволи ниту бомби да се објават, ниту реформа на изборниот систем“, додаде Хајредини.