Магазин

Се сеќавате ли на новогодишните честитки? Традицијата изумре, спомените останаа…

Не постои технологија или начин на комуникација што се поинтимни од испишаното мастило на лист хартија. Но, од година во година полека но сигурно изумре традиионалното некогашно ритуал на одбирање, купување, пишување и испраќање на честитки.

Продавачите на новогодишни честитки на плоштадите ширум земјава како да стојат по џабе. Во многу мал број, споредбено со некогаш, ги украсиле тезгите со балони, сијалички, новогодишни украси, но никој не ни застанува, а камоли да купи од понуденото.

На форумите одмана се отворила темата Дали се купуваат и испраќаат новогодишни честитки, но одговори има секави.

Некој напишал: „Самиот чин на давање на честитката (лично) или криењето во ранец (пази да не те види) беа интересно и возбудливо искуство кое не го заборавам“, друг напишал : „Најинтересни ми беа тие што ги цртавме на ликовно, не купечки, интересно беше да се види каков труд и емоции ќе вложи авторот :)“

Има и вакви коментари: „Фала богу што сум осетил такви моменти, сега на децата и ставија дома интернет и нема да знаат за тавки моменти… за жалење се..“….

или пак: „Сега секој Нова Година честита преку Интернет илии преку телефон. Ретко кој праќа честитки. :toe: Јас праќам( не јас, домашните) :)) само на роднини некои од подалеку“.

Како и да е, новиот тренд е честитање преку порака СМС, преку месинџер, вибер, видео разговори… и многу други брзи начини на комуникација кои ни ги овозможува новата технологија.

Како и да е за оние повоздрасните доколку се искрени ќе признаат дека убаво беше времето кога еден месец пред дочекот на Новата Година, се купуваа честитки и се внимаваше истите да стигнат до саканата адреса пред дочекот на Новата Година.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток