Спорт

Кирјос со поддршка за Ѓоковиќ: Начинот на кој се справуваме со ситуацијата е лош, тој е човек

Ситуацијата околу заминувањето на Новак Ѓоковиќ во Австралија е главна вест во светот на тенисот.

Во врска со ова се огласи и тенисерот Ник Кирјос. Тој преку објава на Твитер го поддржа Новак, при што во таа прилика истакна дека се што му се случува не е во ред.

– Видете, навистина верувам дека нешто треба да се направи. Се вакцинирав поради другите и здравјето на мајка ми, но начинот на кој моментално се справуваме со ситуацијата на Новак е лош, многу лош. Погледнете ги сите „мемимња“ и наслови… Тој е еден од нашите најголеми шампиони, но на крајот од денот, тој е човек, напиша Кирјос.

На почеток