Младен Чадиковски, денеска на својот фејсбук профил напиша дека се повлекува од местото Главен и одговорен уредник , функција која ја обавуваше 2 и пол години.
„Денеска, пред сите колеги и соработници во Телевизија 24 соопштив дека се повлекувам од местото Главен и одговорен уредник на телевизијата. Мојата одлука да се повлечам од ова уредничко место ја донесов поодамна, во моментот кога решив да се кандидирам за претседател на ЗНМ.
На овој начин посветено и ангажирано ќе можам да одговорам на професионалните предизвици што ме чекаат во ЗНМ, без двојство на функции или можност за конфликт на интереси од било каков карактер.
По 2 и пол прекрасни години во Телевизија 24, чувствувам дека во телевизијата постои простор и за понатамошна професионална надградба. Јас останувам дел од тимот на телевизијата, на располагање на сите колеги и на новиот уредник, кому му посакувам многу успех“, напиша Чадиковски на фејсбук.