Коментари

Маневски бара избори веднаш: Ова што го подготвува Ковачевски е нелигитимно и cpамно

Поранешниот министер за правда Михајло Маневски, на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека тие што на Димитров му ставија ловоров венец, сега го заменија со Глогов

„Tие што на Димитров му ставија ловоров венец, сега го заменија со глогов!

Ги слушам Зоран Иванов, Александар Чомовски, па и оној Тричковски и повеќе други од таа слуганска бранша, сега наеднаш се нафрлија на Никола Димитров, кој се дрзна да каже зрнце вистина.

Не оти го бранам Димитров, предавникот на Македонија, но им го гледам паметот на овие камелеони.

Го сменија подаништвото со хорски напади и немаат храброст да ја кажат вистината за комплетно погубната предавничка политика на една тотално корумпирана Влада која Македонија ја доведе во пропаст и колапс.

Кој сака да не убеди во “свежината” на албанските министри на ДУИ, кои остануваат на позициите, а овие министри од СДСМ, скоро сите папсани и овенати. Се “утепаа” од работа.

Повторно уште една тешка манипулација.

Кого сакаат да го измамат?

Доста е. Никој ништо не верува дека криминалната корумпирана власт ќе се смени и ќе еволуира. Никој во ова нема никаков аргумент да верува. Ова што го спрема Ковачевски е нелегитимно и срамно. Само тотална промена на власта е патоказот за спас на Македонија. Ништо друго. Само нови избори под итно“, вели Маневски.

На почеток