Македонија

5 лица заболени со грип и ковид истовремено

Во текот на 1-ва недела од 2022 година (03-09.01.2022), во Република Македонија пријавени се 470 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 1-ва недела од минатата сезона е зголемен 26,1 пати.

Во однос на возрасната дистрибуција, 270 лица се на возраст од 15-64 години, 121 кај деца на возраст од 5-14 години, 64 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години и 15 лица на возраст над 65 години.

Во сезоната 2021/2022 вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 2.183 лица, а во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 5,5 пати.
Најголем број на заболени лица е регистриран на територијата на Дебар.

Досега кај 5 лица е потврдена инфекција со грип и КОВИД-19 истовремено.

На почеток