„Ова е важен ден за сите граѓани, за нашите институции, за демократијата во државата. Ние денеска демонстриравме демократија, неопходен процес за влез во НАТО Алијансата и Европската унија. Станува збор за процес за затворање на прашањето со Грција“, изјави Ахмети и додаде:
„Сакаме да кажеме дека Собранието треба да ја донесе важната одлука за Договорот со Грција. Ние ќе гласаме ЗА. Кога беа изборите во 2016-та година кажавме дека сме за НАТО. Затоа го добивме мандатот, ние немаме друга алтернатива. Референдумот е консултативен“, изјави Али Ахмети.