Коментари

Најчевска го учи Маричиќ: Срамота, човековите права постојат независно од билатералните договори

Професорката Мирјана Најчевска реагира на денешната изјава за новиот министер за евроинтеграции, (до вчера мминистер за правда) Бојан Маричиќ, дека македонската држава не треба „да кажува каде и какво малцинство има во некоја држава во регионот. Тоа е внатрешно прашање на сите држави вклучувајќи ја и Бугарија“.

„Срамота бре. Европскиот суд за човекови права донесе 16 пресуди во корист на македонското малцинство во Бугарија, а овој вели дека ние како држава не смееме да зборуваме за него. Основните човекови права постојат независно од билатералните договори. Тие се универзални“ го подучува Најчевска министерот во објава на Фејсбук.

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во регионот. Според него, тоа е внатрешно прашање на државите во регионот вклучувајќи ја и Бугарија.

За време на прес-конференцијата со германската министерка за Европа, Ана Лирман, Маричиќ рече дека секоја група луѓе или етничка заедница, политичка партија или здружение има право да си ги бара своите права преку европските институции. Маричиќ е дециден дека дефинирањето на тоа каква етничка заедница егзистира во која било држава во регионот во овој момент не би било продуктивно.

На почеток