Македонија

Се одлага манифестацијата подводно китење на новогодишна елка

„Донесовме заедничка одлука оваа година да не се одржи манифестацијата „Подводно китење на новогодишната елка“ поради ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски, кој беше голем вљубеник на спортот, на градот Охрид и на Охридското Езеро, посебно залагајќи се за негово зачувување за идните генерации“, велат од нуркачките клубови „Охрид“ и „Амфора .

Инаку, членовите на нуркачките клубови „Охрид“ и „Амфора“ во соработка со Сојузот за подводни активности на Македонија, ја китат подводната елка во Охридското Езеро веќе 16 години. Настанот тие го посветуваат на најмладите и лицата со ретки болести.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток