„Мештаните протестираа, се бунеа, пружаа отпор, но испадна се за џабе“, напиша револтиран граѓанин на ѕидот на сообраќајниот срам на социјалната мрежа Фејсбук, при тоа под својот статус сподели и слики од денешната градежна оператива.
Во продолжение статусот во целост:
„Еве ви доказ дека никој не го есапи народот. Локација кај Мајчин Дом. 8 бетоњерки чекаат на ред, додека две истураат бетон. Убрзано се работи додека не успеат да се организираат луѓето. Мештаните протестираа, се бунеа, пружаа отпор, но испадна се за џабе. Пак градежната мафија победи. Кај што не буши бургија, парите бушат“ .
Инаку кај Мајчин дом ќе се гради зграда. Уставните судии не најдоа неправилности во Деталниот урбанистички план за тоа место. Со тоа е исцрпена и последната опција на која се надеваше градоначалникот на Аеродром, Златко Марин. Тој призна дека веќе нема начин како да се справи со барањето на жителите таму да нема зграда.