Коментари

„Посакувам душата да ти гори во пеколот“, напиша мајката на повреденото момче до возачот кој ја усмрти Викторија

Даова Татјана мајка на повредениот кој беше прегазен на пешачкиот премин, упати порака до 22-годишниот возач кој заврши во притвор и ја прегази Викторија Николова. Даова, возачот го нарекува „убиец“, вели дека нема друг збор со кој може да му се обрати.

„Убиецу – Порака до тебе. Бидејќи немам друг збор со кој би ти се обратила, Јас мајка, на син кој за влакно ја избегна смртта а Викторија ја уби. Посакувам да ги видиш тие очи ширум отворени желни за живот, тоа убаво лице уништено до непрепознатливост а за тоа си виновен ти-убиецу. Посакувам совеста да ти ја гризе душата (ако ја имаш) а душата да ти гори во пеколот. А ти ангелу наш Викторија почивај во мир и рајските порти се отворени за тебе“, напиша Даова, мајка на повредениот.

Нејзиниот син помина со полесни повреди и за влакно се спаси и тој да биде прегазен.

На почеток