Македонија

Ќе се менува Законот за вино ова е можност за развој на малите семејни винарии

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на работен состанок со претставници од лозаро-винарскиот сектор на кој што се дискутираше за подготовка на Законот за изменување и дополнување на законот за вино. На состанокот присуствуваа претставници од сите засегнати страни од областа на производството на грозје и вино, односно винарски визби и здруженија на производители на вино, здруженија на лозари и производители на грозје, Националната федерација на фармери и здруженија на физички лица производители на грозје.

На состанокот, се презентираа и разгледаа предлозите кои се тековно вметнати во предлог текстот на Законот за изменување и дополнување на законот за виното, како и сите поединечни прашања кои дополнително треба да се договорат и вметнат во текстот на законот и правилниците кои ќе произлезат од истиот. Дел од позначајните измени на Законот се однесуваат на прашања со кои се предвидува воведувањето на правила за производство и промет со органско вино и специјализирани напитоци на база на вино (ароматизирано вино, ароматизиран пијалак на база на вино, ароматизиран вински коктел). Со изменетите законски решенија значително ќе се олеснат условите за производство на вино во мали винарии и за физички лица производители на вино, конкретно ќе се овозможи развој и отворање на нови мали семејни винарии. Поточно, со измените се овозможува полесно регистрирање на капацитети и производството на вино кое ќе може да се продава од самата винарија. Развојот на малите семејни винарии ќе придонесе и за зголемување на туристичкиот потенцијал на познатите лозарски региони во државата, а воедно и за поголем развој на пазарот на грозје и вино.

Исто така, со измените делот за класификација на вина, производство, означување и заштита на вина со географски назив ќе претрпи најголеми промени, со цел негово целосно усогласување со Регулативите на Европската унија.

Воедно на состанокот присутните се договорија да се формираат работни групи за поединечни прашања кои ќе бидат обработени со предлог законот, во кои ќе учествуваат претставници од сите засегнати страни, како и динамика за работа на секоја поединечна работна група. Предвидено е секоја поединечна работна група да биде изготвен до крајот на месец јануари 2019 година, по што ќе започне официјалната постапка за усвојување на предлог Законот за изменување и дополнување на законот за виното, која се очекува да биде финализирана во текот на март и април следната година.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток