Свет

Според грчкото МНР, Грција останува обврзана кон договорот од Преспа

Во соопштението се наведува дека „Грција одблиску, но со соодветна дистанца, ги следи случувањата“, а исто така, „останува обврзана кон Договорот од Преспа“.

„Резултатот од референдумот во Поранешната Југословенска Република Македонија, како консултативен, а не дел од обврзувачките услови од Договорот од Преспа, е контрадикторен. Големо преовладување за „ЗА”, но без соодветна  излезеност. Голем дел од општеството на соседната земја го поддржаа Договорот. Но, еден важен дел го гледа со скептицизам. Грција го почитува изборот на граѓаните на Поранешната Југословенска Република Македонија“, соопштија од МНР.

Од таму додаваат дека „климата на национализам и сомнеж, секојдневните лажни вести и фанатизмот, не дозволувале да се направи трезвена проценка на големите придобивки од Договорот и го спречуваат взаемното разбирање меѓу народите.“

„Следните чекори потребна е трезвеност од сите страни, независно, за да се обезбеди позитивна динамика на Договорот од Преспа“, се додава во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток