Денес на Твитер, грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, напиша дека референдумот во „ФИРОМ“ е „неважечки“ поради малиот одѕив.
Лидерот на партијата Независни Грци (АНЕЛ) изјави дека неговата партија никогаш не би гласала за ратификација на Преспанскиот договор.
Според последните резултати од ДИК излезеноста на референдумот беше 453 954 односно 35,76%.