Свет

Ванхојте: Не губете време и пари на нови избори, продолжете со работа

Честитки за многуте граѓани кои го поддржуваат Преспанскиот договор и нивната иднина во ЕУ, напиша на својот фејсбук профил Питер Ванхојте, поранешен посредник на ЕУ во процесот од Пржино.

„Нема кворум за референдумот за промена на името на Македонија? Штета што од 2016 година, не се направени сериозни напори за детален преглед на регистарот на гласачи и за преиспитување на начинот како да се справи со многуте граѓани кои ја напуштаат земјата и живеат во странство.

За Владата: Ја повикувам Владата да не поднесе оставка, но да продолжи со работата, ова е ваша проклета должност! Не губете време и пари за предвремени избори, но  ангажирајте се во решавањето на многуте проблеми во вашата земја.

Работа за подобрување на економијата, владеење на правото, здравствениот систем, образованието, … И не заборавајте: една загубена битка не значи дека сè е загубено. Да, прифатливо решение за прашањето за името е можно, врз основа на компромисот склучен со Грција – и се уште е на дофат, иако можеби ќе треба да се преиспита процесот и како да се финализира без одлагање. Одете на тоа!“ порача Ванхојте

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток