Над 350 милиони заболени од коронавирус
Вкупниот број на потврдени случаи на ковид 19 ширум светот надмина 350 милиони, додека бројот на починати надмина 5,6 милиони, соопшти СЗО.
Според овој извештај, заклучно со вторник, во светот се регистрирани дури 352.796.704 случаи на ковид-19 и 5.600.434 смртни случаи поврзани со болеста.
Бројот на потврдени случаи во текот на изминатиот ден е зголемен за 2.158.785, додека бројот на починати е зголемен за 6.189, пренесува Тасс.
Како што се наведува, најголем број новозаразени во светот во еден ден од почетокот на пандемијата е забележан на 20 јануари, кога во рок од 24 часа се регистрирани 4.041.420 случаи на ковид 19, а границата од 300 милиони случаи била надмината на 8 јануари.
Најголем број случаи на коронавирус забележаа САД (70.153.597), потоа Индија (39.799.202), Бразил (24.044.255), Франција (16.347.127) и Обединетото Кралство (15.953.689).
Најголем број на смртни случаи забележале САД (860.113), потоа Бразил (623.097), Индија (490.462), Русија (327.448) и Мексико (303.183), според Тас.