Ризикот од „омикрон“ сојот е сѐ уште висок
Од
Објавено на
Ризикот од сојот „омикрон“ на коронавирусот останува висок. Ова доцна синоќа го соопшти Светската здравствена организација, откако се регистрираше нов рекордн раст на новозаразените со Ковид-19, пренесе АФП.
„Пријавени се над 21 милион нови случаи, што е најголем број неделни случаи од почетокот на пандемијата“, соопшти СЗО во својот неделен епидемиолошки преглед.
Во текот на неделата беа пријавени речиси 50.000 смртни случаи.