Скопје

Гордана Попсимонова: Гордана Попсимонова: Дечки од СДСМ, вие како партија не го урнавте Груевски, го урнавте со „бомбите“ на Заев

“Дечки од СДСМ, за што се боревме? За пратенички патни трошоци од по илјада евра месечно? За едни исти луѓе да запоседнат во по неколку управни и надзорни одбори со паушали од по 200/300 евра? За директорски места по јавни претпријатија наменети за партиски кадри, чија единствена гаранција за компетентност и стручност е партиската книшка?

За партиски членови на разни комисии кои си делат дневници и вишоци како ќе им текне? Или, пак, за оние патувања по Јужна Америка со прва класа за да се види како изгледа авантуристички туризам? Или за рекетирањето фирми од разни агенции за обезбедување кои се претставуваат како вам блиски?

А тоа се случува, тоа го гледам и го слушам и тоа ме прави гневна. И токму затоа, дечки од СДСМ, имам да ви соопштам неколку битни работи. Нека ве боли колку сака.

Прво! Дечки од СДСМ, вие не го симнавте Груевски со ваши програми, идеи и проекти. Да бидеме искрени, ги немавте. Го урнавте со „бомбите“ на Заев. А зад нив, зад снимените разговори, стојат неколку доблесни и храбри мажи кои си ги ризикуваа здравјето и животот за да го изнесат на виделина монструозното лице на претходната власт. Им рековте ли барем „благодарам“? Знаете ли кои се и помисливте ли како да им возвратите?”

извор: Независен

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток