Прстеничката Фросина Ременски преку социјалните мрежи упати порака до “Бојкотирам”.
“За да сфатите подобро во кој правец се движи Македонија погледнете го пресот на Зоран Заев и на Мицковски, и споредно “прославата” на ајваро-повикувачите. Од една страна е јасната акција за иднината на граѓаните и на Македонија, а од друга страна аплаудирање на кукавичкото попречување на таа иднина.
Ајваро-повикувачите ќе си го с’ркаат ајварот оваа зима, до пролет тешко да им стаса.
Се лажат сите ако мислат дека граѓаните кои сакаат и се определија ЗА европска иднина ќе им ги јадат бучкурушот што се обидуваат да им го сервираат. Преспијте си и будете спокојни !
Уште утре ќе видите колку сте биле во право кога сте заокружиле ЗА својата европска иднина и колкава среќа има Македонија што ја води визионер Зоран Заев” пишува прстеничката
