Еден од најмоќните политичари Владимир Путин, за својот приватен живот дозволува да се открие само она што сака тој да знаеме. Рускиот политичар веќе 12 години е на водечка позиција и има неверојатно силна контрола врз медиумите во Русија.
Во една пригода тој дури изјави: „Имам приватен живот во кој не дозволувам мешање и тоа треба да биде почитувано.“
На годишната конференција за медиуми на рускиот претседател Владимир Путин еден новинар го постави прашањето – кога планира да се жени и со кого? Ова прашање покрена лавина прашања за венчавката на Путин со Алина Кабаева.
Шефот на Кремаљ се насмевна на прашањето одговарајќи дека секако во иднина планира повторно да се венча.
– Како пристојна личност ќе морам да го сторам тоа кога-тогаш, одговори Путин.
По оваа изјава на Путин, медиумите ширум светот започнаа да објавуваат фотографии од прекрасната Русинка која веќе 10 години ја поврзуваат со моќниот руски политичар, од кои 6 тој беше во брак со неговата претходна сопруга Људмила. Се погласни се оние кои јавно говорат дека Пурин и Кабаева се заедно веќе веќе 10 години.
А Која е Алина Кабаева (35) ?
Таа стекна слава како успешна ритмична танчарка. Има освоено две олимписки златни медали, 14 медали од светски натпревари и 25 медали од европски натпревари. Tокму нејзината кариера на гимнастичарка ја довела до средба со Путин.
По нејзината успешна спортска кариера, Кабаева работеше 6 години како пратеник од партијата на Путин.
Потоа во 2014 година беше назначена на чело на голема медиумска агенција за промовирање на Кремљ, без претходно искуство во оваа област.
Шпекулациите одат до таму што Кабаева можеби и веќе е во брак со Путин и Наводно имаат две деца.
Во многу пригоди таа е видена со прстен што наликува на свршенички, а со оглед на тоа што наводно се состануваат 10 години има смисла.
Медиумите ја ловат во друштво на две деца, а најверојатно нивен татко е Путин. Кабаева ги криела бременостите и тајно се породила.
