Вечерва се одржа 27 мата годишна конференција на унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Обраќања имаа в.д. Претседателот на УМС, Јован Јаулески и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
Онака насилнички, со целосно газење на волјата на народот тргнаа да го менуваат името и идентитетот. Најлажливо креваа димни завеси, правеа операции, се препелкаа во сопствената жива кал само да го намалат срамот. Ама срамот со промената стои, останува, не се трга таа лузна испишана во душата на секој Македонец. Боли затоа што името е во прашање, но и идентитетот, нашето минато, културно историско наследтсво, историја и образование, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната 27 Годишна конференција на Унијата на млади сили на партијата.
Мицкоски рече дека она што најмногу боли е тоа што во очи го лажат и понижуваат народот, додека ја кршат кичмата, додека го стегаат ременот, и го одземаат воздухот…
-И нема поганост, нема валкана работа која тие ја направија, а толку многу јасно не ја видовме во овој процес. Притисоци, скршени луѓе, измачувања и играње со човечки судбини, уценети пратеници, луѓе кои си го погазија достоинството, ја голтнаа честа и ја поклонија душата на нечестивите. И сето ова на грбот на граѓаните. Таквата трговија која ја правеа за обезбедување на мнозинство во Параламентот поради тоа што немаа мнзоинство и поддршка од народот сакаа да ја засенат со милион пердуви, лажни теми за да се одвлече вниманието. И еве сега денес, кога пердувите ги нема, кога легнува прашината, да ги прашам луѓето од власта свесни ли сте што направивте? Колку многу го разоравте и поделивте општеството? Колку само болка му нанесовте на Македонецот? Му заривте нож во грбот. Му заривте нож во срцето! Го разочаравте. Спиете ли со мирна совест? Колку само многу ја заглавивте државата во безизлез?, праша Мицкоски.
„Владејачката структура, го разградува секој дел од општеството, го понижува народот, ги уценува пратениците“, исткна меѓу другото лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христјан Мицкоски.
„Младите се соочени со многу предизвици, но и се способни да ги надмината, беше речено во обраќањата. Паметните се замолчани од власта, многумина се в затвор, власта не научи да не и веруваме“, рече Јаулески.
27ма Годишна конференција на УМС
27ма Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ#ИднинаВоКојаВеруваме 🇲🇰
Posted by Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ on Sunday, December 23, 2018