Скопје

Авиосообраќајот се нормализира – утринава се реализираа сите полетувања и слетувања

Густата магла утринава го отежнува одвивањето на патниот сообраќај, додека авиосообраќај на скопскиот аеродром е нормализиран, објави МИА.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ утринава информира дека густа магла со видливост до 30 метри има во Тетово, додека на патниот правец Неготино- Демир Капија и во Куманово и Сарамзалино видливоста е од 50 до 100 метри.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози, но од „Македонија пат“ препорачуваат внимателно возење и прилагодување на условите на патот.

На скопскиот аеродром, каде за време на викендот сообраќајот се одвиваше отежнато и беа откажани дел од летовите, утринава, според веб страницата на аеродромот, се реализирани сите планирани полетувања и слетувања.

извор: МИА

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток