Македонија

Макрадули: Праг на алармирање против загадувањето

Ако и утре продолжи загадувањето ќе има праг на алармирање, изјави денеска заменик-министерот за животна средина просторно планирање Јани Макрадули. Тој додаде дека бил дефиниран праг на информирање односно, според министрот кога важат препораките да не се излегува надвор, јавниот превоз да се користи, повеќе граѓани да бидат во едно возило. За надминувањето на прагот на информирање, информирана е јавноста и институциите кои се задолжени за тоа.

– Така е секаде во светот. Бидејќи минатиот пат беше јасно дека за кратко време ќе дува северен ветер, бидејќи таа е композит одлука и зависи од два фактори и од податоците од Хидрометеоролошкиот завод и од мерните станици, затоа не се прогласи, додаде Макрадули одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на работилницата за дефинирање предлог граници и зони за формирање заштитено подрачје Осоговски Планини.

Инаку годинава за првпат годинава во буџетот е одвоена ставка за секторот животна средина со тоа што планираат да повикаат независни експерти кои ќе направат мерење на квалитетот на воздухот на повеќе локации со цел да добијат вистинска слика од каде доаѓа загадувањето, за да можат да преземат мерски и проблемот да биде доведен во нормални граници.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток