Свет

Три лица исчезнаа на грчкиот остров Евија

Реткиот медитерански ураган наречен Зорба, кој ја погоди Грција донесе силни ветришта и врнежи од дожд, а најмногу е погоден грчкиот остров Евија, каде што засега три лица се водат за исчезнати. Ситуацијата е критична и на јужниот полуостров Пелопонез.

Агенцијата „Ројтерс“ објави дека грчката државна телевизија објавила дека на Евија исчезнати се еден млад човек и средовечна двојка, лицата се пријавени дека исчезнале од градот Мантуда, кој се наоѓа на островот.

Во написите во медиумите се наведува дека службата за цивилна заштита почнала операција за пребарување и спасување на населението во најпогодените места.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток