Свет

Вилијамсон: Британија ќе испрати 800 војници на Арктикот поради Русите

Велика Британија ќе испрати 800 војници на Арктикот поради загриженоста за зголемената руска агресија во регионот, изјави денеска британскиот министер за одбрана Гевин Вилијамсон.

Тој рече дека британска Влада моментално прави „Стратегија за одбрана на Арктикот“ која предвидува распоредување стотици командоси во Норвешка следната година и создавање нова воена база.

Според него, Русија повторно ги отворила старите бази од периодот на Советскиот сојуз кои не биле користени со години и ја зајакнала активноста на подморниците, што значи дека Британија мора да ги заштити своите интереси.

Вилијамсон рече дека британските министри за загрижени дека „додека се топи мразот на Арктикот“, рускиот претседател Владимир Путин ќе се обиде да „заземе земја и таму да ја интензивира својата активност“.

– Наши ловци „Посејдон“ ќе ги следат руските подморници. Тие ќе не штитат и ќе им помагаат на нашите НАТО сојузници. И ќе продолжиме да тренираме со нашите норвешки пријатели, со 800 кралски маринци. Мораме да покажеме дека сме подготвени да се соочиме со заканите, рече Вилијамсон.

Во ноември, Британија ќе распореди 3.000 војници во Норвешка како дел од НАТО вежби.

Тој додаде дека 2.000 млади ќе се тренираат и за борба против хакерски напади како дел од проект со национален центар за кибер безбедност.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток