Мајка ја убила својата ќерка поради одмазда на поранешниот сопруг, во градот Рентон, Вашингтон. Светлана Лаурел (52) ѝ пукала во својата ќерка во главата, додека девојчето, Натали (14) се обидувала да повика полиција бидејќи мајка ѝ ги врзала нејзиниот татко и брат.
Лаурел се појавила во домот на поранешниот сопруг, а внатре ѝ дозволил да влезе нејзиниот син (12).
Кога момчето ја пуштило внатре, го однела во собата каде што го врзала и му ставила чорапа во устата. Му се заканила дека ќе пука со пиштол ако вреска, а постојано му зборувала дека неговиот татко ѝ го уништил животот.
Кога Натали и нејзиниот татко, Мајк, се вратиле во куќата, Светлана држела електрошокер и го употребила врз својот поранешен сопруг, пред да го врзе.
#BREAKING #HappeningNow @RentonpdWA onscene a DV-Homicide. Waiting for more info pic.twitter.com/fMenFSyQeG
— Evergreen Media Production (@EMP_newsmedia) December 19, 2018
Натали наводно отишла на другиот спрат, во својата спална соба и повикала полиција.
Тогаш се одиграла крвава драма, после која стигнала полицијата и ја уапсила Лаурел.
Одбиена ѝ е кауција, а покрај убиството, ќе одговара и за киднапирање и заробување.