Свет

(ВИДЕО) Напаѓач во Кина, со грабнат автобус се заби во толпа луѓе, загинаа петмина

Неименуван маж од Лонгјанг во Кина грабнал денес автобус со кој неколку моменти подоцна се забил во група луѓе убивајќи пет, а повредувајќи 21 лице, пренесуваат агенциите.

Тој најпрво почнал да напаѓа луѓе со нож, а кога му се спротивставиле, седнал зад воланот на автобус и се залетал во толпата. Се верува дека еден од убиените е полицаец.

Инцидентот се случил во крајбрежната провинција Фуџијан на југоистокот на земјата. Како што јавуваат локалните медиуми, полицијата го совладала напаѓачот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток