Повеќе од 220 деца биле вакцинирани против морбили за 4 дена по прогласувањето епидемија во Радишани. Немале примено ниту една доза МРП. Во моментов се проверуваат уште околу 100.000 деца до 14 годишна возраст за да утврдат колку од нив не се заштитени од мали сипаници. Надлежните претпоставуваат дека околу 10 проценти од нив не се вакцинирани.
– Доволно вакцини секогаш има во диспанзерите. Комуникацијата со Министерството за здравство, кое е главен снабдувач на вакцини е одлична. Проблемот е во тоа што има тешки антивакцинални кампањи кои пред се ги демотивираат граѓаните односно родителите да ги вакцинираат своите деца, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, директор на Здравствен дом Скопје.